Лига Европа: Алашкерт испиша историја, Галатасарај и Селтик одат понатаму

Алашкерт испиша историја за ерменскиот фудабал откако со победата од 3-2 по продолженија над казакстанскиот Алмати се пласираше во последната фаза од квалификациите за Лига Европа. Тоа е историски успех за Ерменците кои и доколку загубат во следното коло од Глазгов Ренџерс ќе играат во новоформираната Конференциска лига.

По стапките на Алашкерт тргна и Галатасарај кој славеше со 4-2 на гостувањето во Шкотска кај Сент Џонстон. Турскиот состав имаше минимална (1-0) предност во првото полувреме, а победата и пласманот во финалето од разигрувањето го осигура со три гола во вторите 45. минути.

Селктик повторно ги исполни очекувањата и славеше со убедливи 3-0 против чешкиот состав Јаблонец благодарение на двата гола на Турнбул и погодокот на Форест. Со овој триумф „зелените“ закажаа средба во последната фаза против Алкмар.

Во останатите натпревари финскиот ХЈК славеше со 3-0 против Нефти Баку, капарскиот Анортосис победи со 2-1 во дуелот против Рапид Виена, но Австриците се оние кои одат во следната фаза поради подобриот меѓусебен скор (4-2). Во следната фаза ќе игра и Мура која со 1-0 триумфираше на гостувањето во Литванија против Жалгирис.

Паровите во последното коло се следните:

Рандерс – Галатасарај
Рапид Виена – Зорја
Селтик – Алкмар
Фенербахче – ХЈК
Мура – Стурм Граз
Омониа – Антверп 
Олимпијакос – Слован Братислава
Ренџерс – Алашкерт
Славиа Прага – Легија
Црвена Звезда – Клуж

Се вчитува...