Лига Европа: Арсенал повторно го слави Гранит Џака

Арсенал е на чекор до осигурување на првото место во групата „А“ во Лига Европа откако во заостанатиот натпревар од 2. коло славеше на домашен терен против ПСВ со 1-0. Херојот на „топџиите“ беше Гранит Џака кој во 71. минута го совлада Бенитез.

Со денешната победа Арсенал стигна до 12 бодa во групата и на две кола пред крајот на се наоѓа во одлична ситуација. Во следниот меч лондонскиот состав повторно ќе се сретне со холандскиот, а со бод и официјално ќе се пласира во осминафиналето.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...