Лига Европа: Деби гол на Ериксен за славје на Интер со Лудогорец, реми на Јунајтед со Бриж

Интер со предност на домашен терен ќе го очекува реваншот од 1/16-финалето во Лигата на Европа, откако славеше со 0-2 на гостувањето против Лудгорец.

Триумфот за „нераѕурите“ го најави Кристијан Ериксен во 70. минута, со свој прв гол по доаѓањето во Интер. Конечните 0-2 ги постави Лукаку од пенал во 94. минута.

Манчестер јунајтед ремизираше (1-1) на гостувањето против Бриж. Денис во 15. минута ги донесе домашните до предност, но израмни Марсиал со голот во 36. минута.

Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски триумфираше со 3-1 против турскиот Башакшехир. На вториот гол за Спортинг кој во 44. минута го постигна Шпорар, одлично асистираше Стефан Ристовски.

Најубедливата победа ја запиша Ајнтрахт Франкфурт триумфирајќи со 4-1 против Салцбург.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (први натпревари)

Спортинг – Башакшехир 3-1

Бриж – Манчестер ј. 1-1

Клуж – Севилја 1-1

Ајнтрахт Ф. – Салцбург 4-1

Копенхаген – Селтик 1-1

Гетафе – Ајакс 2-0

Лудогорец – Интер 0-2

Шахтјор – Бенфика 2-1

Се вчитува...