ЛИГА ЕВРОПА: Фленсбург ја прегази Бенфика, останатите фаворити без проблеми

Бундеслигашот Фленсбург забележа убедлива победа на гостувањето кај актуелниот шампион Бенфика во Португалија (26-39) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во второто по ранг ракометно натпреварување на стариот континент Лигата на Европа.

Германците почнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и веќе на полувреме имаа огромни плус единаесет (10-21). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 26-39. Емил Јакобсен со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Боргес Силва постигна пет.

Во програмата од 18.45 часот Нексе и Фуксе Берлин стигнаа до лесни гостински победи. Хрватскиот вицешампион славеше против украинскиот Мотор Запорожје со 23-27, додека Фуксе Берлин беше подобар од Скјерн со 23-28.

ЛИГА ЕВРОПА 1/8 ФИНАЛЕ: 

МОТОР – НЕКСЕ 23-27

СКЈЕРН – ФУКСЕ БЕРЛИН 23-28

БЕНФИКА – ФЛЕНСБУРГ  26-39

БИДАСОА ИРУН – СПОРТИНГ Л. 30-27

ФЕРЕНЦВАРОШ – МОНПЕЛЈЕ 30-36

ГРАНОЛЈЕРС – АРХУС 32-34

КАДЕТЕ ШАФХАУЗЕН – ИШТАД 38-32

ВАЛУР – ГЕПИНГЕН 29-36

Се вчитува...