Лига Европа го доби првиот полуфиналист: Лајпциг го освои Бергамо

Лајпциг е првиот полуфиналист во Лига Европа откако на гостински терен против Аталанта славеше со 0-2. Со тоа Германците го надминаа ремито во првиот меѓусебен дуел и го осигураа своето место меѓу најдобрите четири клубови во второто по ранк натпреварување во Европа.

До победа Лајпциг го предводеа Нкунку кој стрелаше во 18. минута, а откако мрежите мируваа до 87. минута истиот играч реализираше пенал за осигурување на победа.

Се вчитува...