Лига Европа: Голема победа за Адеми и Ристовски со Динамо Загреб, Црвена Звезда ремизираше со Милан

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со една нога се во осминафиналето на Лигата Европа откако со Динамо Загреб запишаа извонредна победа од 2-3 на гостувањето против руски Краснодар.

Црвена Звезда извлече реми (2-2) со Милан во Белград со голот на Павков во 93. минута.

Сигурни гостински победи запишаа и Манчестер јунајтед и Тотенхем против Реал Сосиедад односно Волфсбургер, по кои јасно е дека обезбедуваат место во осминафиналето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.

ЛИГА ЕВРОПА – 1/16 ФИНАЛЕ (први натпревар)

Динамо Киев – Бриж 1-1

Брага – Рома 0-1

Ц. Звезда – Милан 2-2

Краснодар – Динамо З. 2-3

Олимпијакос – ПСВ 4-2

Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед 0-4

Славија Прага – Лестер 0-0

Волфсбургер – Тотенхем 1-4

Јанг бојс – Баер Леверкузен 4-3

Се вчитува...