ЛИГА ЕВРОПА: Јунајтед и Интер лесно до осминафинале, Арсенал шокиран од Олимпијакос

Манчестер јунајтед и Интер си обезбедија место во осминафиналето од Лигата на Европа, елиминирајќи ги сосема очекувано Бриж и Лудогорец.

„Црвените ѓаволи“ триумфираа убедливо со 5-0 со погодоците на Фернандес, Игало, МекТимони и два гола на Фред. Интер пак и вторпат беше поуспешен од Лудогорец триумфирајќи со 2-1, со головите на Бираги и Лукаку уште во првото полувреме.

Вистински шок во Лондон доживеа Арсенал кој има негатива од 0-1 во пресметката со Олимпијакос по регуларниот дел. Продолженија ќе го одлучат патникот во осминафиналето, со оглед на тоа дека Англичаните триумфираа со идентични 0-1 во Атина.


ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ

Ајакс – Гетафе 2-1 (0-2)

Бенфика – Шахтјор 3-3 (1-2)

Селтик – Копенхаген 1-3 (1-1)

Интер – Лудогорец 2-1 (2-0)

Манчестер ј. – Бриж 5-0 (1-1)

Севилја – Клуж 0-0 (1-1)

Арсенал – Олимпијакос 0-1 (1-0) – продолженија

  • Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...