ЛИГА ЕВРОПА: Костиќ и Ајнтрахт триумфално против Бетис, „нокаутираниот“ Пакета го реши Порто (ВИДЕО)

Ајнтрафт Франкфурт славеше со 1-2 на гостувањето во Севилја кај Реал Бетис во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во второто по ранг европско фудбалско натпреварување Лигата на Европа.

Водство за гостите донесе Филип Костиќ со најубавиот гол сезонава во Лигата на Европа. На 1-1 израмни Набил Фекир во 30. минута, а само две минути подоцна Камада повторно ги донесе гостите во предност (1-2). Германците може да жалат што не стигнаа и до поубедлива победа бидејќи Боре во 52. минута промаши пенал.

Во вториот натпревар од денешната понуда Олимпик Лион славеше на гостувањето кај Порто со 0-1. Херој за Французите беше Лукас Пакета кој победничкиот гол го постигна во 59. минута. Претходно уште во 20. секунда од натпреварот по дуел со Пепе, Бразилецот заврши во нокаут на теренот на „Драгао“.  

 

 

Се вчитува...