ЛИГА ЕВРОПА: Мегваер со смешен автогол си го закопа Јунајтед во 93. минута…, Јувентус го победи Спортинг (ВИДЕО)

Јувентус со минимална предност ќе го очекува реванш-натпреварот против Спортинг Лисабон во четвртфиналето од Лигата на Европа. Манчестер јунајтед, пак, си направи „од готово – вересија“, откако ремизираше (2-2) со Севилја на „Олд Трафорд“. А „црвените ѓаволи“ се до 85. минута имаа предност и од 2-0.

Јувентус во Торино триумфираше со 1-0 против Спортинг Лисабон. Стрелец на единствениот гол за победа беше Гати во 73. минута од средбата.

Манчестер јунајтед, пак, дојде до убава предност од 2-0 со двата гола на Сабицер во 14. и во 21. минута.

Кога се очекуваше победа на Англичаните, Севилја најпрво во 85. минута со автоголот на Маласија успеа да ја намали негативата.

А, во 93. минута со автоголот на Хери Мегваер, шпанскиот тим успеа да дојде до и тоа како поволни 2-2 пред реваншот.

Во третиот вечерен натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа, Баер Леверкузен ремизираше (1-1) со Ројал Унион.

Се вчитува...