ЛИГА ЕВРОПА: Наполи поразен, Велковски и Ријека не издржаа против Реал Сосиедад, пресврт-победи на Арсенал и Рома (ВИДЕО)

Наполи загуби на стартот од групната фаза во Лигата на Европа на домашен терен од холандски АЗ Алкмар. Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој поради коронавирус, не е во составот, загуби минимално со 0-1 од Холанѓаните.

Стрелец на победничкиот гол за АЗ Алкмар беше Де Вит во 57. минута од средбата.

Во истата Група Ф, Ријека во чии редови целиот натпревар го одигра Дарко Велковски не успеа да издржи против Реал Сосиедад и загуби по примен гол во 93. минута.

Во групата А, Рома славеше на гостувањето против Јанг Бојс со 1-2 по пресврт, откако домашните поведоа уште во 14. минута. Но со головите на Перез и Кумбула во второто полувреме „волчицата“ дојде до победата.

Арсенал, во Групата Б, исто така дојде до гостински триумф од 1-2 против Рапид Виена. Откако губеа се до 70. минута, „топчиите“ потоа триумфираа со погодоците на Луиз во 70. минута и Обамејанг во 74. минута.

ЛИГА ЕВРОПА (1. КОЛО)

ГРУПА А

ЦСКА Софија – Клуж 0-2

Јанг Бојс – Рома 1-2

ГРУПА Б

Дундалк – Молде 1-2

Рапид Виена – Арсенал 1-2

ГРУПА Ц

Баер Леверкузен – Ница 6-2

Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3-1

ГРУПА Д

Лех – Бенфика 2-4

Стандард – Глазгов ренџерс 0-2

ГРУПА Е

ПАОК – Омонија 1-1

ПСВ – Гранада 1-2

ГРУПА Ф

Ријека – Реал Сосиедад 0-1

Наполи – АЗ Алкмар 0-1

 

Се вчитува...