ЛИГА ЕВРОПА: Неверојатни грешки на Динамо – Адеми и Ристовски поразени од Вест Хем, триумф на Ц. Звезда со Брага (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со пораз ја стартуваа групната фаза од Лигата на Европа со својот Динамо Загреб.

На дуелот на домашен терен во 1. коло од Групата Х, Динамо загуби со 0-2 од Вест Хем само поради неверојатните грешки на своите дефанзивци.

Најпрво уште во 22. минута Вест Хем поведе по катастрофалната грешка на Французинот Теофил-Кетрин

А, потоа по грешката на Сутало во 50. минута, Вест Хем со голот на Рајс заокружи на 0-2.

Аријан Адеми, враќајќи се по повредата, за првпат го одигра целиот натпревар во дресот на Динамо, а Стефан Ристовски беше заменет во 63. минута од средбата.

Црвена Звезда триумфираше со 2-1 против Брага на натпреварот во Белград. Црвено-белите поведоа со голот на Родиќ, но веќе во следната минута Брага израмни со погодокот на Галено.

Победата за Црвена Звезда ја донесе Катаи од пенал во 85. минута.

ЛИГА ЕВРОПА – 1. КОЛО

ГРУПА Е

Локомотива Москва – Марсеј 1-1, Галатасарај – Лацио 1-0

ГРУПА Ф

Црвена Звезда – Брага 2-1, Митјиланд – Лудогорец 1-1

ГРУПА Г

Баер Л. – Ференцварош 2-1, Бетис – Селтик 4-3

ГРУПА Х

Динамо Загреб – Вест Хем 0-2, Рапид – Генк 0-1

Се вчитува...