ЛИГА ЕВРОПА: Неверојатниот Ди Марија со хет-трик за триумф на Јувентус

Јувентус успеа да го корегира киксот од првиот натпревар и со победа од 0-3, благодарение на хет-трикот на Ди Марија, на гостувањето против Нант се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа.

Тимот од Торино славеше во Нант со 0-2 со головите на аргентинскиот репрезентативец Ди Марија најпрво со спектакуларен гол во 5. минута, а потоа и во 20. минута од средбата од пенал. Во второто полувреме во 78. минута Ди Марија со третиот свој гол заокружи хет-трик. Сето тоа повеќе од доволно за пласман понатаму.

Монако и Баер Леверкузен игра продолженија откако Баер исто така славеше со идентични 2-3 на гости против Монако. 

Спортинг кој и покрај домашниот кикс, сега славеше со 0-4 на гостувањето против Митјиланд за повеќе од убедлив пласман во осминафиналето.

Севилја, пак, си ја зачува убедливата предност од првиот натпревар и покрај поразот од 2-0 на гости против ПСВ се најде во осминафиналето.

РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (втори натпревари)
МОНАКО – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2-3 (3-2) – по пенали: 5-6
НАНТ – ЈУВЕНТУС 0-2 (1-1)
ПСВ – СЕВИЛЈА 2-0 (0-3)
МИТЈИЛАНД – СПОРТИНГ 0-4 (1-1)

ОД 21 ЧАСОТ:
УНИОН БЕРЛИН – АЈАКС (0-0)
МАНЧЕСТЕР Ј. – БАРСЕЛОНА (2-2)
РОМА – САЛЦБУРГ (1-0)
РЕН – ШАХТЈОР (1-2)

  • Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...