ЛИГА ЕВРОПА: Победи за Арсенал и Наполи, убедлив пораз на Дарко Велковски со Ријека

Арсенал без никакви проблеми дојде до убедлива победа од 3-0 против Дундалк во 2. коло од Групата Б во Лигата на Европа.

Нкетиах, Вилок и Пепе беа стрелци за триумфот на „топчиите“. Во вториот натпревар од оваа група Молде славеше со Рапид Виена со 1-0.

Наполи во Групата Ф славеше со 0-1 на гостувањето против Реал Сосиедад. Стрелец за три бода на италијанскиот тим беше Политано во 56. минута од средбата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно се врати во составот на Наполи, по надминување на коронавирусот, но остана само на клупата за резервни фудбалери.

Во истата група, Ријека на Дарко Велковски загуби убедливо со 4-1 на гостувањето против АЗ Алкмар. Велковски настапи до 64. минута од натпреварот.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА А

Клуж – Јанг Бојс 1-1

Рома – ЦСКА Софија 0-0

ГРУПА Б

Арсенал – Дундалк 3-0

Молде – Рапид 1-0

ГРУПА Ц

Ница – Хапоел Бер Шева 1-0

Славија Прага – Баер Леверкузен 1-0

ГРУПА Д

Глазгов Ренџерс – Лех 1-0

Бенфика – Стандард 3-0

 

ГРУПА Е

Гранада – ПАОК 0-0

Омонија – ПСВ 1-2

 

ГРУПА Ф

АЗ Алкмар – Ријека 4-1

Реал Сосиедад – Наполи 0-1

 

Се вчитува...