ЛИГА ЕВРОПА: Рафиња ја спаси Барса од пораз од Јунајтед, Салцбург ја реши Рома (ВИДЕО)

Барселона не успеа да ја искористи предноста на домашен терен играјќи без победник (2-2) со Манчестер јунајтед во првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа.

Сите возбудувања на мечот се случија во второто полувреме. Каталонците најпрво поведоа со голот на Алонсо во 50. минута, за да „црвените ѓаволи“ во само седум минути, со голот на Рашфорд во 52. минута и автоголот на Коунде во 59. минута дојдат до пресврт.

Но, Рафиња со голот во 76. минута успеа да ја спаси Барселона од пораз.

Салцбург ја победи Рома со 1-0, благодарение на голот на Капалдо во 88. минута од натпреварот.

Со предност на реваншот ќе патува и Шахтјор кој славеше со 2-1 против француски Рен.

РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (први натпревари)

АЈАКС – УНИОН БЕРЛИН 0-0

БАРСЕЛОНА – МАНЧЕСТЕР Ј. 2-2

Алонсо 50′, Рафиња 76′ – Рашфорд 50′, Коунде 53′(аг)

САЛЦБУРГ – РОМА 1-0

Капалдо 88′

ШАХТЈОР -РЕН 2-1

Кришкив 11′, Бондаренко 45′(п) – Токо Екамби 59′

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – МОНАКО (21 ч.)

ЈУВЕНТУС – НАНТ (21 ч.)

СЕВИЛЈА – ПСВ (21 ч.)

СПОРТИНГ – МИТЈИЛАНД (21 ч.)

Се вчитува...