Лига Европа: Реми на Лајпциг и Аталанта во Германија

Лајпциг и Аталната ќе започнат од „нула“ во реваш средбата во Бергамо откако во Германија реваншираа со 1-1. Гостите први дојдоа до предност, но домаќините успеаја да изедначат во второто полувреме.

Муриел го отвори натпреварот со одличен удар и гол во 17. минута, а предноста на гостинскиот состав од 1-0 остана на семафорот и до полувремето. Силва промаши пенал за изедначување во 58. минута, но во следниот напад, нафрлената топка заврши на ногата на Запакоста, а Италијанецот наместо да ја исфрли ја смести во мрежата на сопствениот гол за 1-1, а овој резултат остана на семафорот до крајот и покрај тоа што двата тима имаа добри шанси за водство.

Се вчитува...