ЛИГА ЕВРОПА: Рома со реми од Ротердам, Икарди со супер-гол во 91. минута за победа на Галатасарај (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома имаат позитивен резултат пред реваншот од гостувањето против Феенорд во Ротердам во 1/16-финалето од Лигата на Европа.

Првиот дуел заврши без победник 1-1.

Феенорд поведе со голот на Бразилецот Игор Паиксао во 45. минута, но Лукаку во 67. минута постигна гол за Рома за конечни 1-1.

Спортинг Лисабон, се чини, веќе е во осминафиналето на Лигата на Европа откако славеше со 1-3 на гостувањето против Јанг Бојс во Швајцарија.

Неизвесно низ вторите 90 минути ќе биде на дуелот меѓу Шахтјор и Марсеј кој заврши 2-2, а Галатасарај дојде до победа од 3-2 против Спарта Прага во Истанбул, благодарение на голот на Мауро Икарди во 91. минута од мечот.

ЛИГА ЕВРОПА (1/16-ФИНАЛЕ) – први натпревари

Феенорд – Рома 1-1

Галатасарај – Спарта Прага 3-2

Јанг Бојс – Спортинг Лисабон 1-3

Шахтјор – Марсеј 2-2

Се вчитува...