ЛИГА ЕВРОПА: Севилја го демолираше Манчестер јунајтед, полуфинале за Јувентус… (ВИДЕО)

Севилја му одржа вистинска лекција на Манчестер јунајтед победувајќи го со 3-0 за пласман во полуфиналето во Лигата на Европа.

По оние 2-2 од Манчестер, сега Севилја целосно доминираше на домашен терен за повеќе од заслужен триумф и пласман во полуфиналето. Ен Несири уште во 8. минута донесе предност за шпанскиот тим, а Баде во 47. минута зголеми на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Ен Несири со својот втор гол во 81. минута.

Јувентус се пласираше во полуфиналето откако извлече 1-1 на гостувањето против Спортинг Лисабон. Тимот од Торино поведе со голот на Рабио во 9. минута а Едвардс ги постави конечните 1-1. Првиот натпревар во Торино заврши со победа на Јувентус од 1-0.

Пласман во полуфиналето обезбеди и Баер Леверкузен кој убедливо со 1-4 славеше против Ројал Унион.

Рома и Феенорд ќе играат продолженија, откако „волчицата“ во регуларниот дел од мечот дојде до победа од 2-1, анулирајќи го поразот од 0-1 од првиот натпревар во Ротердам.

Рома се извлече до 2-1 благодарение на голот на Дибала во 89. минута, што го однесе тимот во продолженија.

Се вчитува...