ЛИГА ЕВРОПА: Шкендија доминира – 100% шанса на Имери…, Шкупи и Ренова се бранат

Без ниту еден гол на трите натпревари на македонските екипи по првото полувреме во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Шкендија доминира на гостувањето против Сумгаит во Азербејџан, додека Шкупи и Ренова се бранат на дуелите против Нефчи односно Алашкерт.

Шкендија беше многу блиску до водство против Сумгаит. Неколку шанси имаа „црвено-црните“ преку Ахмеди и Ибраими, но најголемата ја пропушти Имери во 38. минута од средбата. По одличното проигрување од Дориев изби сам пред домашниот голман, но лошо шутираше…

Ренова, во Ереван, успешно се брани пред Алашкерт кој е поофанзивната екипа со повеќе шанси во првиот дел иако и „гипсарите“ имаа одлична можност во 32. минута кога домашниот голман спаси под гредата.

Слична е ситуацијата и во Баку, каде Шкупи успешно ги запира налетите на фаворизираниот Нефчи.

Се вчитува...