ЛИГА ЕВРОПА: Шкендија против романски Ботошани, Ренова со сплитски Хајдук во 2. квалификациско коло

Шкендија ќе игра против романскиот Ботошани во чии редови настапуваат македонските фудбалери Давид Бабунски и Стефан Ашковски, додека Ренова ќе игра против сплитски Хајдук во второто квалификациско коло за Лигата на Европа.

Денешната ждрепка во Нион одлучи „гипсарите“ да се соочат со еден од најдобрите хрватски клубови на кој треба да бидат домаќини во Скопје, додека Шкендија ќе гостува во Романија.

Натпреварите од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа се играат на 17. септември. Согласно одлуката на УЕФА, како што е познато, и во оваа рунда елиминација ќе се игра само по еден натпревар.

ДВОЈКИ ЗА 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Се вчитува...