ЛИГА ЕВРОПА: „Црвените ѓаволи“ и пресудија на Барселона!

Манчестер јунајтед ја елиминираше Барселона во 1/16-финалето од Лигата на Европа откако триумфираше со 2-1 на „Олд Трафорд“ на реванш дуелот во борбата за осминафинале. Првиот меч во Барселона заврши без победник, 2-2.

А, Барселона поведе на натпреварот со голот од пенал на Левандовски уште во 18. минута.

Но, целосен пресврт во второто полувреме. Фред во 47. минута израмни на 1-1, а потоа Ентони во 73. минута ги постави конечните 2-1.

Очекуван пласман понатаму обезбеди и Рома по триумфот до 2-0 над Салцбург, а Унион Берлин со 3-1 славеше против Ајакс за место во осминафиналето.

РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ (втори натпревари)

УНИОН БЕРЛИН – АЈАКС 3-1 (0-0)
МАНЧЕСТЕР Ј. – БАРСЕЛОНА 2-1 (2-2)
РОМА – САЛЦБУРГ 2-0 (1-0)
продолженија: РЕН – ШАХТЈОР 1-0 (1-2)
МОНАКО – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2-3 (3-2) – по пенали: 5-6
НАНТ – ЈУВЕНТУС 0-2 (1-1)
ПСВ – СЕВИЛЈА 2-0 (0-3)
МИТЈИЛАНД – СПОРТИНГ 0-4 (1-1)

  • Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...