ЛИГА НА НАЦИИ: Холандија минимално со Полска, БиХ до реми со Италија (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина успеа да стигне до реми на гостувањето кај Италија одигрувајќи 1-1 со фаворизираната репрезентација. Един Џеко донесе водство за гостите во 57. минута, додека конечните 1-1 ги постави Сенси во 67. минута. Во вториот меч од А лигата, Холандија славеше минимално против Полска со 1-0. Херој за „лалињата“ беше Бергвајн во 61. минута.

Во најинтересниот натпревар во Б лигата Австрија ја совлада Норвешка на гости со 1-2. Грегорич и Сабицер стрелаа за Австрија, додека единствениот гол за Норвежаните го постигна Халанд.

 

РЕЗУЛТАТИ: 

А ЛИГА

Италија – Босна и Херцеговина 1-1

Холандија – Полска 1-0

Б ЛИГА

Норвешка – Австрија 1-2

Романија – Северна Ирска 1-1

Словачка – Чешка 1-3

Шкотска – Израел 1-1

Ц ЛИГА 

Литванија – Казахстан 0-2

Белорусија – Албанија 0-2

Се вчитува...