Лига на Нации: Реприза од финалето во СП 2018

Второто издание од Лигата на Нации ќе донесе и реприза од големото финале на СП 2018, откако во иста група на денешната ждрепка во Амстердам беа извлечени светскиот шампион Франција и вицепрвакот Хрватска. За оваа група 3 да биде уште поинтересна, дел од неа ќе биде и Португалија, селекцијата што е прв освојувач на Лигата на Нации, како и репрезентацијата на Шведска.

Англија како носител нема да има лесна задача против Белгија, а во групата 2 се наоѓаат уште и Данска и Исланд. Холандија и Италија би требале да водат битки за првото место во групата 1, во која се уште и БиХ и Полска, додека Швајцарија ја имаше улогата на носител во групата 4, каде ќе се сретне со Шпанија, Украина и со Германија.

ЛИГА НА НАЦИИ – ЛИГА А

Група 1: Холандија, Италија, БиХ, Полска.

Група 2: Англија, Белгија, Данска, Исланд.

Група 3: Португалија, Франција, Шведска, Хрватска.

Група 4:  Швајцарија Шпанија, Украина, Германија.

ЛИГА НА НАЦИИ – ЛИГА Б

Група 1: Австрија, Норвешка, С. Ирска, Романија.

Група 2: Чешка, Шкотска, Словачка, Израел.

Група 3: Русија, Србија, Турција, Унгарија.

Група 4: Велс, Финска, Р. Ирска, Бугарија.

Се вчитува...