Лига „Вардар“: МВП два пати славеше, победи и на Ангели и на Вардар

Во второто коло од “Младинската кошаркарска лига ВАРДАР”, домаќините на сите четири натпревари извојуваа убедливи победи. Повторно две генерации (2001 и 2003) во неделата настапија на кошаркарскиот терен,  каде што бевме сведоци на одлични натпревари.

МВП Скопје на првиот натпревар, во генерација 2001 во вистинска смисла го надигра противникот од Аеродром – екипата на МЗТ Скопје (87-29), која ќе има шанса во вториот дел од сезоната да му се реваншира на КК МВП. Тренерот Дамњановски задоволен од прикажаната игра на своите момци, вели “сепак сме тука за да одиграме што повеќе натпревари, за децата кои не се натпреваруваат во МКФ лигата да се здобијат со поголемо кошаркарско искуство”. Најдобар стрелец беше Стаменковиќ В. (15 поени).

Вториот натпревар беше и со најтесен резултат, на кој што сепак гостите од Радовиш не успеаа да го изненадат домаќинот, екипата на Вардар. Муратовски со 19 поени  го водеше тимот на „црвено-црните“ и заедно со Киров и Несторовски придонесоа за два бода на табела.

Гостиварци одиграа одличен натпревар против МВП Скопје, но сепак домаќините не дозволија екипата на “Петрески” од Гостивар да победи во ниту една четвртина. Димитровски Х. Постигна најмногу поени на овој натпревар (16).

Ова коло заврши со натпреварот од генерација 2003,  помеѓу КК Ангели и КК Дрим Тим. Двојна разлика во резултатот за екипата на Ангели. Поголемата уиграност на играчите , предводена од Тополец А.  со 18 постигнати поени, беше клучот за победата на домаќинот.

liga vardar2

РЕЗУЛТАТИ:

(2001) КК МВП Скопје – КК МЗТ Скопје 87:29

КК МВП Скопје: Зафировски 11, Илиевски 3, Стаменковиќ 15, Петров 6, Наумовски 4, Минков, Шкоф 4, Илиевски Д. 13, Илиев 9, Димковски , Ефтимов 6, Софковски 4, Алексовски 2, Бутиковски 10.

КК МЗТ Скопје: Цветановски 5, Дамјановски П. 2, Штерјов, Гошев 6, Тонев 2, Поповски, Шишковски 5, Спасовски, Цветковски 3, Олгун, Маневски, Костовски, Кралевски, Стојановски 4, Дамјановски П. 2.

(2001) КК ВАРДАР – КК Плачковица (Радовиш) 58:42

КК ВАРДАР: Киров 15, Андоновски 4, Јосифовски 2, Несторовски 13, Муратовски 19, Филиповски 5.

КК Плачковица: Козовски 12, Ситновски 9, Бонинов 13, Лазарев, Ѓозев 1, Костадинов А.2, Трајанов 3, Костадинов Ф.2, Лазарев .

(2003) КК МВП Скопје – КК Петрески (Гостивар) 73:36

КК МВП Скопје: Димитровски 16, Маслар 2, Ѓутовиќ 4, Вељановски 2, Атанасовски 4, Миливоевиќ 5, Сибиновски 12, Новевски 1, Еминовски, Јовановски 6, Милошевски 13, Мицов 8, Ристевски

КК Петрески: Михајловски, Митевски 3, Ѓокоски, Новески 4, Крајоски, Богданоски, Ѓоргиоски, Ѓоргиевски, Алили, Кортан 4, Љуши, Јовчески 5, Анѓело 2, Манасиевски 12, Мушкаров 1, Снолче 1, Давидески, Симјаноски, Милошевски 4.

(2003) КК Ангели – КК Дрим Тим 63:30

КК Ангели: Николов 10, Георгиевски Дамјан 2, Урџанис 8, Зафировски 4, Попов 2, Манов 3, Тополец 18, Георгиевски Давид, Љушиќ 16.

КК Дрим Тим: Савевски 2, Диковски 2, Стојков 7, Трпковски 4, Николовски 5, Тодев 2, Драгутиновиќ 2, Илијевски , Цветановски, Ѓурчиноски 2, Марковски 2, Бошковски 2, Зафировски , Јованоски .

Се вчитува...