Лил и дефинитивно го отпиша Марсеј од титулата (ВИДЕО)

Ако до денеска Олимпик Марсеј имаше макар и минимални шанси за освојување на титулата, од вечерва Марсеј е исклучен од трката и тоа после поразот од Лил на гостински терен. Покрај тоа, Лил му го загрози местото на Марсеј за директен пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, и веројатно ќе мора да се задоволи со квалификации.

Лил стигна до победата благодарение на пресвртот во вториот дел, откако Марсеј во првиот дел имаше предност со голот на Клаус.

Сепак, Џонатан Дејвид најпрво од пенал израмни, за потоа Бамба во 72. минута донесе целосен пресврт. Лил, пак, со оваа победа си отвори патот кон пласман во Лигата на конференции, но може сега да го брка и четвртото место кое носи пласман во Лигата на Европа.

Се вчитува...