Лил во меч со седум гола подобар од Монако (ВИДЕО)

Лил славеше со 4-3 во неверојатен меч над Монако како дел од последниот дуел од 12. коло во француската Лига 1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Александро во 22. минута. Гостите во 34. преку Енрике израмнија на 1-1.

До крајот на првото полувреме двата тима постигнаа по еден гол па на пауза се замина со резултат 2-2. Во второто полувреме Бен Једер ги донесе гостите во водство од 2-3 во 53. минута, но Лил со головите на Кабеља и Бамба на крајот стигна до конечен триумф од 4-3.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...