Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигна до првиот свој трофеј на ИТФ фјучерс вреден 60.000 долари, откако загуби во финалето на турнирот во Тунис.
Во финалната пресметка, Ѓорческа загуби од Холанѓанката Хогенкамп, во два сета со 5-7 и 4-6.
Сепак, ова е најголемиот успех досега во кариерата на македонската тенисерка, кое игра прво финале на турнир од овој ранг, по кое сигурно повторно ќе напредува на ВТА листата во поединечна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА