Македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го одигра својот прв меч на главен турнир на Грендслем и на тој начин испиша историја за македонскиот тенис.
Лина се запиша како прва Македонка со настап во сингл на еден од четирите големи турнири (претходно настап во двојки имаше само Александар Китинов).
„Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се случуваат дома, па ова беше навистина голема работа за сите. Добив многу пораки за поддршка што ми значат сè на светот. Играњето на овој голем терен со многу публика беше навистина неверојатно. Тоа е еден од најдобрите – ако не и најдобриот – турнир, па затоа е навистина доживотно искуство. Исто така, да се игра против Аманда (Анисимова), финалистка и неверојатна тенисерка, тоа е навистина остварување на сонот“, изјави Ѓорческа за официјалниот сајт на Вимблдон.
Со пласманот во првото коло како тенисерка што ги минала квалификациите Ѓорческа ќе освои 40 поени со што при следното рангирање (по завршување на Вимблдон) ќе треба да направи скок на ВТА ранг-листата и да се најде околу 200-то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
