Лина Ѓорческа до полуфинале на фјучрсот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на силниот ИТФ фјучрс во Рим.

Во трилер натпревар кој траеше три сета нашата тенисерка по пресврт славеше против Австралијката Сеоне Мендез со 2-1 (3-6, 6-2 и 6-4).

Тетовчанката во полуфиналето ја чека подобрата од мечот меѓу Дестане Ајава од Австралија и Ралуца Георгијан Сербан од Кипар.

Се вчитува...