Лина Ѓорческа елиминирана од Хрватката Јана Фет

Лина Ѓорческа го заврпи настапот во квалификациите за УС Опен. Поуспешна од македонската тенисерка во второто квалификациско коло, беше Хрватката Јана Фет која славеше победа во три сета со 6-3, 2-6, 6-3.

Хрватката која моментно е рангирана на 128.место на ВТА листата го доби првиот сет со 6-3. Но, Ѓорческа возврати во вториот сет и го доби со само два загубени гема.

Во решавачкиот трет сет, Ѓорческа го загуби петтиот гејм на свој сет, а Фет направи брејк што на крај и донесе предност за победа.

Во последното квалификациско коло за место на главниот турнир, Фет ќе игра против Американката Даниел Лао.

Се вчитува...