Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа следната недела ќе ја започне својата нова гранд-слем авантура на терените во Париз. Таа ќе настапи во квалификациите за пласман на главниот турнир на Ролан Гарос.
Ждрепката одлучи Ѓорческа во првата квалификациска рунда да се соочи со холандската тенисерка Сузан Ламенс. Станува збор за 26-годишна тенисерка која моментално се наоѓа на 124. место на ВТА листата и е поставена за 17. носителка во квалификациите.
За Ѓорческа ова е втор настап на најголемите тениски сцени годинава, откако претходно забележа учество и во квалификациите на Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
