Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во двојки на турнирот во Бол

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во двојки на ВТА турнирот кој за вкупен награден фонд од 115.000 долари се игра во Бол, Хрватска.

Ѓорческа, заедно со Бугарката Најденова, денеска во полуфиналната пресметка славеа во два сета против грчко-шпанската комбинација Сакари/ Сорибес, победувајќи за само еден час игра со 6-3,6-4.

Утре македонската тенисерка ја очекува битката за првата своја титула на еден ВТА турнир од овој ранг.

Се вчитува...