Лина Ѓорческа на 115. место на ВТА ранг листата за игра во двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за цели 13 позиции на најновната ВТА ранг листа објавена денеска, сместувајќи се на 115. место.

Ова е најдобриот ранкинг на Ѓорческа во кариерата, достигнат благодарение на пласманот во финалето на ВТА турнирот во Бол, Хрватска.

Македонската тенисерка напредуваше и на листата во поединечна конкуренција. Оваа недела ќе биде на 170. место, напредувајќи за пет места во однос на претходното рангирање, што е исто така нејзин најдобар ранкинг.

Се вчитува...