Лина Ѓорческа не успеа до полуфинале на турнирот во Ираклион

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Ираклион, Грција, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа во четвртфиналето загуби од шестата носителка Сиња Краус од Австрија во два сета, по час и половина игра. Првиот сет противначката го доби со 2-6, а вториот со 4-6.

Македонската тенисерка во моментов е на 187. место на ВТА ранг листата.

Се вчитува...