Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по повеќе од 13 години се раздели од тренерот Димитар Лабудовиќ со кого ги оствари најголемите успеси во кариерата, крунисана со настапот на Вимблдон оваа година.
Информацијата ја потврди и самиот Голубовиќ со објава на својот инстаграм профил и заедничка фотографија со Лина.
„Секое патување стигнува до својата финална дестинација. Тринаесет и пол години. 62 титули на турнирите (Во сингл и дубл). Од најниските турнири до главната ждрепка на Вимблдон. Сега, со гордост можам да кажам дека завршивме голема работа. Испишавме историја во нашата земја
Минавме многу работи заедно, создадовме спомени што ќе ги носам со мене засекогаш. Најголемото задоволство беше да се работи со тебе како играч, но најмногу со тебе како личност. Фала ти за се, Лина“, објави Лабудовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
