Лина Ѓорческа по голема борба до четвртфинале на фјучрсот во Кипар

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во кипарска Ларнака.

На турнирот вреден 35.000 американски долари во осминафиналето тетовчанката беше подобра од Италијанката, Матилде Паолети со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 7-5.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Русинката Ксенија Зајцева која во моментов е на 439. место на ВТА листата.

Се вчитува...