Лина Ѓорческа поразена во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во турска Анталија.

Тетовчанката денеска во мечот од четвртфиналето кој поради дождот не се одигра во текот на вчерашниот ден иако беше фаворитска, загуби од хрватската квалификантка Теа Вурт со 2-1, по сетови 6-3, 4-6 и 6-1.

Откако Хрватката го доби првиот сет, нашата тенисерка успеа да возврати во вториот. Сепак, во одлучувачкиот трет сет следеше голем пад кој одлично го искористи Вурт за негово лесно освојување (6-1) и пласман во полуфиналето.

Се вчитува...