Лина Ѓорческа со победа на турнирот во Хамбург ја стартуваше 2021 година

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа ја стартуваше 2021 година, триумфирајќи во 1. коло на ИТФ фјучрсот вреден 25.000 долари во Хамбург, Германија.

Ѓорческа ја совлада Татијана Пиери од Италија, со 2-1 во сетови (1-6, 6-2, 10-2).

Македонската тенисерка во втората квалификациска рунда ќе игра со Ела Шајдел од Германија. Победникот од овој натпревар ќе патува во главната рунда на турнирот.

Се вчитува...