Лина Ѓорческа со скок од 25 места на ВТА-листата

Лина Ѓорческа оствари огромен напредок на ВТА-листата по одличниот настап што македонската тенисерка го имаше на турнирот во Рим. Лина стигна до полуфиналето во „вечниот град“, што и овозможи скок од огромни 25 места на најновото рангирање на светските тенисерки.

Најдобрата македонска тенисерка моментно се наоѓа на 224. место, значаен напредок во однос на 249. позиција на која беше пласирана на претходната ВТА-листа.

На врвот на ВТА-ранкингот остана Ига Швијонтек, пред Сабаленка, Рибакина, Пегула, Гарсија и Жабер. Новата шампионка на Вимблдон, Маркета Вондрушова, обезбеди фантастичен скок од 32 позиции и сега се наоѓа на десеттата позиција.

Се вчитува...