Лина Ѓорческа со триумфален старт во Анталија

Лина Ѓорческа успешно го стартуваше својот настап на турнирот во Анталија, каде најдобрата македонска тенисерка без многу мака ја мина првата пречка. Противничка на Ѓорческа денека беше Холанѓанката Хагеман, меч што мина во апсолутна доминација на Македонката и рутинска победа од 6-2, 6-2.

Ѓорческа е трета носителка на овјо турнир и во следната рунда ќе се сретне со победничката од денешниот дуел меѓу Андрејева и Унгарката Тот.

Лина ќе има згуснат распоред во Анталија ако се знае дека таа ќе игра и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, каде се рангирани како втори носителки.

Се вчитува...