Лина Ѓорческа во четвртфиналето на фјучерсот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 60.000 долари во Рим, Италија.

Ѓорческа во второто коло ја совлада Жибек Куламбајева од Казахстан во три сета, со 4-6, 6-2 и 6-3.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Далила Спитери (Италија) и Сеоне Мендез (Австралија).

Се вчитува...