Лина Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Севилја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето во поединечна конкуренција на 25.000 долари вредниот ИТФ фјучерс во Севилја, Шпанија.

Ѓорческа во полуфиналето загуби од Русинката Елина Аванесјан во три сета, со 2-6, 6-2 и 3-6.

За македонската тенисерка, сепак, останува настапот во финалето во игра на двојки на турнирот. Заедно со Хрватката Теа Лукас во финалето ќе се сретна со Јеон Во Ку и Каијса Вилда Ханеман.

Се вчитува...