Лина Ѓорчевска сопрена во четвртфиналето во Италија

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска настапот на ИТФ фјучрсот во Трст, Италија го заврши во четвртфиналето откако беше елиминирана од Словенката Нина Поточник.

Словенската тенисерка подобро го започна мечот и славеше со 6-2 во првиот сет, но Ѓорчевска експресно се врати во вториот сет во кој славеше со 6-3.

Третиот и решвавачки сет беше драматичен, а Словенката Поточник славеше со 7-5 со што стави крај на настапот на Македонката.

Се вчитува...