Лина имаше добиен меч, но со пресврт загуби во четвртфиналето во Белинцона

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше уште еден одличен меч на ВТА турнирот вреден 60.000 долари во Белинцона, Швајцарија, но со пресврт загуби не успевајќи да дојде до полуфиналето.

Во четвртфиналната пресметка против Италијанката Бронцети, Лина имаше предност добивајќи го првиот сет со убедливи 6-2.

Во вториот сет имаше и можност за триумф при 6-5, но противничката дојде до тај-брејк кој на крајот го доби со 7-3. Па, во последниот сет, Италијанката славеше со убедливи 0-6 за конечна победа.

Се вчитува...