Лина ќе игра во финалето во двојки на турнирот во Калви

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во двојки, денеска околу 16 часот, на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Калви, Франција.

На турнирот кој се игра на тврда подлога, Лина и нејзината партнерка Амандин Ес, како први носителки, во полуфиналето славеа против Жад Суврејн и Луси Нгујен Тан, во два сета, со 6-4 и 6-4.

Во денешното финале, во битката за трофејот, ќе се соочат со домашните тенисерки Одреј Алби и Леолија Жанжан, кои се трети носителки на турнирот.

Се вчитува...