Лина преку четвртата носителка до полуфинале на фјучрсот во Севилја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Севилја, откако славеше против четвртата носителка Изабела Шиникова. Ѓорческа маратонскиот меч го доби со пресврт со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3.

Во полуфиналето нашата најдобра тенисерка ќе игра со подобрата од мечот меѓу Тена Лукас од Хрватска и Елина Аванесија од Русија.

Ѓорческа заедно со Тена Лукас ќе игра и во полуфиналето во конкуренција на двојки на турнирот, а нивни противнички се Катарина Хобгарски и Изабела Шиникова.

Се вчитува...