Лина реди победи: Триумф и над Италијанката Стефанини за четвртфинале во Белинцона

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните игри на ВТА турнирот вреден 60.000 долари во Белинцона, Швајцарија.

Лина (359. место на ВТА листата), иако низ квалификациите обезбеди место на главната ждрепка, се пласираше во четвртфиналето на турнирот откако во третото коло славеше против Италијанката Лукреција Стефанини (363. место на ВТА листата).

Стефанини го доби првиот сет со убедливи 1-6, но тоа само ја налути македонската тенисерка која целосно доминираше во следните два сета и со 3-6 и 0-6 дојде до победа.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се соочи со уште една Италијанка, Лусија Бронцети (345. место на ВТА листата).

Се вчитува...