Лина со победа стартуваше на турнирот во Франција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Денаин, Франција.

Ѓорческа е прва носителка на турнирот во Франција, па на стартот без поголеми проблеми славеше против Белгијката Елин Бејкенс со 6-3,6-4. Во второто коло македонската тенисерка ќе се сретне со домашната тенисерка Малаури Ноел.

Ѓорческа не е пријавена на турнирот во двојки од ИТФ фјучерсот во Франција.

Се вчитува...