Лина совлада тенисерка која на Вимблдон беше подобра од двократна гранд-слем шампионка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Манакор против Холанѓанката Лесли Патинама Керкове со 2-0 по сетови 7-6 и 6-4.

Ѓорческа во осминафиналето одигра неверојатно против 142 тенисерка во светот која минатата година настапи во квалификациите на сите четири гранд-слем турнири, а на Вимблдон ја забележа и првата победа во главниот ждреб откако во првото коло славеше над двократната гранд-слем шампионка, Русинката Светлана Кузњецова.

Во полуфиналето Македонката ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Шпанките, Ромеро Гормаз и Лазаро Гарсија.

Се вчитува...