Лина во драматичен меч, по три часа борба, до осминафинале во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисер Лина Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучерсот вреден 40.000 долари во Куршумлијска бања во Србија.

Ѓорческа, која е петта носителка на турнирот, имаше повеќе од драматичен меч во три сета против Унгарката Река-Лука Јани која на крај, по три часа игра успеа да ја победи.

Унгарката го доби првиот сет до 6-7 (5), но вториот сет Ѓорческа беше одлична добивајќи го со 6-4.

Вистинска драма се случуваше во одлучувачкиот трет сет. Унгарката имаше и три меч топки при 4-5 во гемови, но феноменалната Лина успеа да го спаси гемот при сервис на противничката и потоа третиот сет да го доби во тај-брејк со 7-3.

Во осминафиналето Ѓорческа ќе игра со српската тенисерка Миа Ристиќ.

Се вчитува...