Лина запрена на втората пречка во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра.

Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од четири гема за ривалката која поведе со 4:1. Во продолжение Ѓорческа освои уште еден гем за сетот украинската тенисерка да го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка не успеа да освои ниту еден гем.

Ѓорческа следниот турнир треба да го игра во германскиот град Висбаден на ИТФ турнир W100, каде според моментната состојба е на листата за квалификации.

Се вчитува...